Околу 5% од вкупната економија на земјата се состои од туристичкиот сектор

Крвавиот Велигден во Шри Ланка стана најстравуван кошмар на земјата која едвај излезе од граѓанската војна, а тоа неизбежно води кон многу тешки економски последици.

Досега има потврдени 290 смртни случаи, додека други 500 лица се потешко повредени, а, според властите во Шри Ланка целта на терористичките напади се главно странски туристи и верници (39 се потврдени смртни случаи на странци). Овие податоци се причина зошто туристичката сезона 2019 треба да биде привремено откажана.

Околу 5% од вкупната економија на земјата се состои од туристичкиот сектор, а иако се уште нема точни податоци за укинатите резервации од туроператорите масовно се забележува одлив на оние кои сакаат да ја посетат островската држава од Бенгалскиот залив. Ова го изјави Кишу Гомез, претседател на Одделот за туризам во Шри Ланка, за Блумберг.

Владите во САД, Канада и Велика Британија отворено ги повикуваат своите граѓани да не патуваат на островот, бидејќи нивните специјални служби имаат информации за планираните други терористички напади.

Од крајот на граѓанската војна во 2009 година, туристичките посети на Шри Ланка се зголемија за повеќе од 500%. Прогнозата на претседателот на Индиската туристичка асоцијација, Пронаб Саркар, е дека актуелната плима ќе продолжи и во наредните неколку недели, но до крајот на мај тензиите треба да се задржат и сезоната да се спаси. Министерот за туризам во Шри Ланка Џон Амарунтанга веќе презеде мерки во оваа насока, собирајќи ги сите водечки хотелиери да ги заострат мерките за безбедност. Собирот се одржа во неделата, пишува дневниот весник Daily FT.

Во последниот квартал на 2018 година, економскиот раст на островот претрпе најсериозно намалување од 2014 година (1,8%). Туризмот е трет по ред извор на приходи и брзорастечки извор на странски средства, покажуваат податоците на Citigroup Inc. Дојдовните приходи од секторот придонесоа за ублажување на притисокот врз валутата во последниве години, додека владата исто така пласира меѓународни обврзници и го продолжи договорот со Меѓународниот монетарен фонд за заем од 1,5 милијарди долари, за да им се помогне во имплементацијата на буџетските цели.

Во 2018 година во Шри Ланка гостуваа вкупно 2,3 милиони туристи, поголемиот дел од кои пристигнуваат од Индија, според податоците на Органот за развој на туризмот во земјата.

Гувернерот на централната банка Индрадит Кумарасвами изјави дека туристичката индустрија ќе настрада, но сеуште е премногу рано да се оцени ефектот врз економскиот раст, кој се забави до 1,8% во четвртиот квартал – најслабото темпо од почетокот на 2014 година наваму. А економијата “демонстрира многу голема отпорност”, рече тој во интервју за телевизијата Bloomberg во понеделникот.