Според  најновите податоците на Државниот завод за статистика во првиот квартал растот бил 0.0% односно имало стагнација, во вториот бил минус 1.3% односно бил негативен, во третиот бил 0.2% а во четвртиот 1.2%. Кога се ќе се собере и одземе се доаѓа до годишен раст од 0.025%.

Еден  од водечките столбови на кој се потпираше економијата во Македонија беше градежништвото  кој сега e најпроблематичен,  во сите четири квартали бил во негатива од 6.5%, од 17.1%, од 11.6%, од 19.5% или вкупно за цела година падот бил 13.7%.

Во годишна негатива биле и рударството од 2.5%, преработувачката индустрија од 4.0%, финансиските дејности од 1.8%, дејностите во врска со недвижен имот од 0.6%,  стручните и научните дејности од 3.3%, јавната управа и одбраната од 2.3%, уметноста и забавата од 7.4%.

Во годишна позитива биле единствено земјоделството со раст од 4.1%, трговијата со 9.0%, информациите и комуникациите со 2.6%.

Лани Бруто домашниот производ на Македонија односно вкупната вредност на сите стоки и услуги произведени во земјава изнесувала 435 652 милиони денари односно 7 милијарди 82 милиони 772 илјади и 358 евра.

Во 2017-та извозот се зголемил за 14.9% а увозот за 11.0%