Американскиот претседател Доналд Трамп со воведувањето  царини за увоз на челик и алуминуим предизвика остри реакци кај повеќе земји,  но исто така  таа одлука не беше подржана од неговите најблиски соработници.

Главниот економски советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Гари Кон, кој беше цврсто против воведување царини за увоз на челик и алуминуим, поднесе оставка.

Во изјавата што ја даде директорот на националниот економски совет тпј вели : „За мене беше чест да и служам на државата и да воведам добри политики за Американците за поддршка на растот, особено прифаќањето на историската даночна реформа. Му благодарам на Претседателот што ми ја даде таа можност и му посакувам нему и на неговата администрација големи успеси во иднина“

Кон е поранешен член на раководството на банката Голдман Сакс. Тој беше најголемиот противник за воведување царини од 25 отсто за увоз на челик во САД и на 10 отсто за увоз на алуминиум.