Воведувањето на рамниот данок е подобро решение кое даде резултати и и даде стимул на економијата, даночните приходи драстично се зголемија,а неплаќањето даноци се сведе на минимум – вака професорот Трајко Славески ги објаснува позитивните ефекти од даночната реформа .Тој смета дека со ваквата даночна политика, земјата добро се подготвила за справување со големата финансиска криза во 2009-та.

И академик Таки Фити вели дека Владата треба да направи обемна анализа пред да почне да спроведува некоја голема даночна реформа. И порано, вели тој, имало случаи да се донесат ад хок одлуки без да се знаат ефектите од нив. Според него, треба добро да се размисли пред да се смени системот од рамен кон прогресивен данок.