Поранешниот пратеник и градоначалник на СДСМ во општина Гевгелија, Сашко Поцков стана директор на две коцкарници на Монополи Консалтинг, компанија која се занимава со игри на среќа од истиот град.

Монополи Консалтинг е компанија формирана во октомрви 2019, а Поцков, инаку магистер по економски науки, сега е управител на двете подружници на местото на Марјан Николовски. Двете подружници на Монополи Консалтинг се со дејност „коцкање и обложување“ и се на адреса во Сретеново, Стар Дојран, и во Боговиње, објави Фактор.

Според порталот од она што може да се пребара кај Министерството за финансии, друштвото добило лиценца за автомат клуб во Боговиње во февруари годинава. Лиценцата е во траење од шест години за што треба да се уплати надоместок од 78.750 евра.