Дали ке има поевтинување на цената  на струјата за граѓаните ќе треба да пресече Регулаторната комисија за енергетика. Ова прашање го отвори генералниот директор на ЕЛЕМ откако денес излезе со конкретни барања до Регулаторна комисија  –  производната струјата да поефтини за  1,5 проценти или за 0,6 евра.

Миновски вели дека  дека поевтинувањето се должи на позитивните финансиски резултати што ги постигна компанијата.

Од МЕПСО денеска без  конкретен став во која насока ќе биде нивното барањедо Регулаторната комисија за енергетика, а додека без коментар се и од ЕВН.

Од СДСМ пак велат дека цената на електричната енергија нема да поскапи но и дека не можат да предивидат ниту за колку би била  поефтина. За крајните потрошувачи  пратеникот Костадинов вели  најгоолемата промена е правото да го изберат својот снабдувач со електрична енергија. Пратеникот ја обвини опозицијата дека  во изминатите години кога ВМРО-ДПМНЕ биле на власт граѓаните плаќале поскапа струја.

Целосна либерализација на пазарот на електрична енергија во Македонија – ова се предвидува со новиот Закон за енергетика кој беше изгласан на вчерашната собраниска седница од страна на парламентарното мнозинство.