Вредноста на компанијата Твитер е помалку од половина од сумата што Елон Маск ја плати кога ја купи во 2022 година.

Како што објави „Гардијан“, врз основа на протечениот меморандум што Маск го испратил до вработените во „Твитер“, се проценува дека компанијата сега вреди околу 20 милијарди долари, што е помалку од 44 милијарди долари.

Остриот пад на вредноста на компанијата дојде откако Маск ја купи, што предизвика неколку големи огласувачи да ја напуштат платформата, а по една од најголемите инвестициски фирми, Fidelity – најголемиот поединечен акционер на компанијата – го намали сопственичкиот удел за 56 проценти.

Твитер се заснова на купување грантови за акции од страна на вработените, кои не можат да се продаваат до одреден временски рок, за разлика од купувањето на акции, а грантови за акции најчесто се опишани од експерти како начин да се поттикнат вработените да купуваат акции од компанија во која работат, за да се продадат за готовина откако им се зголемила вредноста, пренесува Гардијан.

Грантовите може, со проценка од трета страна, да се продаваат само шест месеци по купувањето.

Во објавениот меморандум до вработените, се наведува дека компанијата била без пари околу четири месеци, по што имало големи отпуштања, кога бројот на вработени во компанијата од околу 7.500 паднал на околу 2.000.

Наводно, Маск изјавил во меморандумот дека „гледа јасен, но тежок пат до вредноста на компанијата да биде проценета на 250 милијарди долари“, што имплицира дека сака десеткратно да ја зголеми цената на акциите.