Сопственикот на Амазон, Џеф Безос, сè уште е неприкосновен, и зад него повеќе не стои Елон Маск, туку сега е шефот на модната компанија Луј Витон, Бернард Арно.

Сопственикот на компанијата „Тесла“, Елон Маск од вчера веќе не е втор најбогат човек на светот. Неговото место го зазеде Бернард Арно.

Маск падна на третото место во листата на најбогатите луѓе во светот, откако во понеделникот акциите на неговата компанија паднаа за 2,2 проценти. Неговото богатство се намали за 3,16 милијарди долари, додека на  Арно се зголемија за 285 милиони долари.

Бернард Арно годинава своето богатство го зголеми со 46,8 милијарди долари, додека Маск изгуби 9,09 милијарди долари оваа година. Богатството на Арно сега се проценува на 161,2 милијарди долари, додека на Маск изнесува 160,6 милијарди долари.

На врвот на листата се уште е недопирливиот Џeф Безос, кој е сопственик на „Амазон“, и чие богатство изнесува 190 милијарди долари.