Енергетската трансформација во државата е во тек, со забрзано темпо се зголемува производството на електрична енергија од обновливи извори. Минатата година пуштени во употреба се 141 мегават на обновливи извори на енергија а крајот на оваа година ќе се инсталитараат 300 мегавати.

Минатата година се издадени лиценци за 267 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори, а тоа е капацитет за снабдување на 65.700 домаќинства, со просечна потрошувачка, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата додаваат дека досега ова е рекордна изградба на нови капацитети од обновливи извори на енергија во една година. Со правилна поддршка и правилно менаџирање може државата да се трансформира во центар на зелена енергија и да се обезбеди енергетска независност.