Компанијата ЕОЅ Матрих ДООЕЛ, членка на ЕОЅ Групацијата, која се занимава со управување со побарувања го претстави новиот изглед на брендот искажувајќи го својот фокус во тврдењето: „Ги менуваме финансиите кон подобро.“ 

Како компанија која сака да ги промени финансиите на подобро, финансиите на клиентите, партнерите и на корисниците кои доцнат со плаќање, а со цел сè поефикасно управување со побарувањата, ЕОЅ Матрих ДООЕЛ сега чекори во новиот свет на брендот ЕОЅ чиишто главни обележја се динамиката, дигитализацијата и намерата за обликување на иднината.

Генералната Директорка на ЕОЅ Матрих д-р Катерина Бошевска се обрати на официјалното претставување на новиот бренд: „Ќе останеме доверлив и стабилен партнер кој ќе продолжи да ги процесира побарувањата со истите вредности и стандарди. Ние ќе продолжиме да иновираме секојдневно, станувајќи сè повеќе дигитално ориентирани и подобри со секој изминат ден, постојано проширувајќи ја нашата палета на производи. Изгледот на новото логото ја одразува различноста и разновидноста на ЕОЅ Групацијата. Истовремено ова динамично и самоуверено лого јасно покажува дека ја прифаќаме промената – промената кон подобро.“.

Новиот изглед на логото на ЕОЅ со својот дизајн ја истакнува новата насока на движење на ЕОЅ групацијата и намерата да одговори на растечките потреби на своите корисници со помош на технологијата и иновациите.

„Малата буква „e“ на логото ја означува интернационалноста на EOS групацијата и произлегува од англискиот јазик, како глобален јазик во кој ретко се користи голема буква. Истовремено првата буква, буквата „е“ потекнува и од деловните англиски термини, како што се е-трговија или е-пошта и покажува дека сме подготвени за подигитален свет. Големата буква „О“ со својата кружна форма го симболизира фокусот на нашите цели, да ги промениме финансиите на нашите клиенти и корисници кои доцнат со плаќањата кон подобро. Како што буквата „О“ е во центарот на логото, така и нашите цели се од централно значење. За крај, недовршената буква „S“ го нагласува фактот дека ние сме компанија во движење и го претставува нашиот процес на трансформација, на кој сме посветени последните неколку години. На овој начин покажуваме дека никогаш не престануваме да се развиваме. Никогаш нема да има крај на развојот на EOS, трансформацијата е дел од нашата ДНК.“ – истакнува ЕОЅ Матрих Македонија.