“Ербас” потпиша договор вреден 30 милијарди евра со Кина. Нарачката за 300 воздухоплови беше поголема отколку што првично се очекуваше и беше еден од 15-те договори постигнати за време на посетата на кинескиот претседател Кси Џинпинг на Франција. Тоа е удар за американскиот ривал “Боинг“, кој продолжува да се занимава со последиците од заземјувањето на своите 737 MAX модели по две фатални несреќи за пет месеци. Претседателот Макрон вели дека договорот е “одличен сигнал” за силата на односите меѓу Франција и Кина.