Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во четвртокот рече дека е задолжен за економијата на земјата. Говорот го одржа на изборен митинг во градот Хаимана во округот Анкара.

Според неговите зборови, неговата влада ги спречила нападите врз турската лира, објави турскиот телевизиски канал НТВ.

Доживеавме период кога курсот на доларот надмина 7 лири, а каматната стапка надмина 40 проценти. Ние веднаш превзедовме чекори, обезбедивме контрола и презедовме чекори за враќање на економијата на шините, рече Ердоган. Тој исто така потсети за драстичната девалвација на турската лира во август, што ја дефинира како резултат на напад на меѓународните финансиски институции против економијата на земјата.

Според претседателот на крајот на минатата недела пак бил преземен сличен напад кој во рок од два дена беше осуетен од властите.

По изборите, ние брзо ќе ги спроведеме структурните реформи кои ќе ја направат нашата економија посилна кон слични напади, вети Ердоган.

Во недела во Турција ќе се одржат локални избори, што претставува уште еден предизвик за контролата на претседателот над моќта во земјата.

Во друга изјава подоцна во четвртокот претседателот ги повтори повиците за намалување на каматните стапки на позадината на континуираната нестабилноста на цената на лирата, која ја дефинира како обид на Западот, а особено на САД да ја притиснат Турција пред изборите во земјата.

Според него, мало намалување на потрошувачките цени веќе започна, но “главен проблем се каматните стапки”.

“Сето ова се обиди на Западот, најчесто на Америка, да ја притисне во аголот Турција”, изјави турскиот претседател, цитиран од весникот. Hurriyet Daily News.

И покрај сето тоа Ердоган изрази уверување во довербата кон турската економија и упати критика против меѓународните банкари, кои ги обвини за заговор против Турција.

“Треба да ги казниме сите пазарни шпекуланти”, рече претседателот, мислејќи на банкарите и брокерите, кои според него ставаат нереално високи цени на своите производи.