Компанијата постигна највисоко дневно производство во последните 10 години

АД ЕСМ соопшти дека во текот на вчерашниот ден преку капацитетите со кои располага произвела 21.229 MWh електрична енергија, што претставува највисоко дневно производство во последните 10 години.

Во моментот произведуваат сите електрани, односно вклучени на мрежа се трите блока во РЕК „Битола“, РЕК „Осломеј“, ТЕЦ „Неготино“ со два котла, гасната електрана „Енергетика – КОГЕЛ“, ветерниот парк во Богданци, а хидроелектраните се користат само за системски и балансни услуги притоа зачувувајќи ги акумулациите на речиси просечното десетгодишно ниво.