Зголемувањето на трошоците на дејноста не мора значи зголемување на крајната цена на парното, соопшти денеска АД ЕСМ.

Во информацијата до јавноста се објаснува дека компаниите кои ја вршат дејноста производство, дистрибуција и снабдување поднесоа барање за признавање на трошоците од работењето на друштвата до Регулаторната Комисија за Енергетика и водни услуги на РСМ.

-Врз основа на овие податоци и одобрените трошоци за вршење на дејноста, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Р.С.М ги утврдува тарифните ставови според кои се фактурира испорачаната топлинска енергија кон крајните потрошувачи во следниот период. Зголемувањето на трошоците на дејноста не мора значи зголемување на крајната цена на парното, се потенцира во соопштението..

Во него се потсетува дека АД ЕСМ по задолжение од Владата ја презеде и топлинската енергија за Градот Скопје.

-Во изминатата грејна сезона немаше прекин во снабдувањето со топлинската енергија и на задоволство на огромен број на граѓани на 15 Октомври радијаторите беа топли. И следната грејна сезона АД ЕСМ нема да дозволи да има прекини во снабдувањето со топлинската енергија. Веќе се започнати активностите за отстранување на опожарениот топловод на мостот “Беласица”. ЕСМ Дистрибуција на топлина ќе вложи максимални напори демонтажата да се заврши во најкраток можен рок, информира АД ЕСМ.