mario draghiПретседателот на Европската централна банка Mario Draghi изјави дека тие се подготвени и способни да делуваат користејќи ги сите расположливи инструменти во рамките на својот мандат, како би постигнале стабилност на цените во еврозоната. Сегашната QE програма на ЕЦБ ќе биде преиспитана во декември.

После настапот на претседателот на ЕЦБ на девизните пазари еврото ослабна затоа што инвеститорите заклучија дека ЕЦБ наскоро може дополнително да ја олабави монетарната политика.

Девизниот курс на еврото во однос на доларот падна за 0,3 проценти на 1,0929 $. Американската валута зајакна и во однос на јапонскиот јен за 0,2 проценти, на 121,23 ¥.

Приносот на 10-годишните германски Bund обврзници се зголеми за 2bb до нивото од 0,57%. Од другата страна на Атлантикот приносот на 10-годишните американски обврзници се зголеми за 4bb на ниво од 2,21%, на највисоко ниво во последните пет недели.