The Euro Symbol in front of the European Central Bank in Frankfurt, GermanyОфицијални лица од Европската централна банка (ЕЦБ) изразија загриженост во врска со превирањата на финансиските пазари и забавувањето на кинеската економија и другите пазари во развој, покажа записникот од седницата јануари, надоврзувајќи се на серијата сигнали за нови монетарни мерки во март.

Членовите на Советот кажаа дека тоа се случува “во контекст на зголемените осцилации на глобалните финансиски и стокови пазари и нарушената глобална доверба”. Тие, исто така, заклучија дека посебно е влошена ситуацијата во земјите во развој.

“Во Кина, актуелниот процес на прилагодување на економскиот модел … може да резултира со посилни последици од претходно очекуваното и да предизвика оштро успорување на активноста во економијата”, предупредија официјалните претставници на ЕЦБ.

Многу од аналитичарите очекуваат ЕЦБ да донесе нов сет на монетарни мерки на следниот состанок, закажан за 10 март.