20 euroЕвропската централна банка (ЕЦБ) објави дека се пуштени во оптек нови банкноти од 20 евра со подобрени безбедносни карактеристики кои ќе го отежнат нивното фалсификување.

Новите банкноти кои досега се произведени во 4,3 милијарди, постепено ќе ги заменат банкноти од 20 евра од првата серија, која и понатаму ќе продолжи да биде легално платежно средство.

Банкнотите од серијата Европа се воведуваат постепено, како дел од еден процес кој ќе трае неколку години. Затоа што секоја земја има свој “кеш циклус”, новиот банкноти нема да бидат истовремено воведени во сите земји од еврозоната.

Банкнота од пет евра од новата серија е во оптек во мај 2013 година, а банкнотата од 10 евра во септември 2014 година. Новите банкноти од 50 евра ќе бидат пуштени на пазарот во текот на вториот квартал на 2017 година.

Датумот кога банкнотите од првата серија престануваат да бидат законско средство за плаќање ќе биде објавен во догледно време, сепак, времето во кое ќе може да се заменат во централните банки нема да биде ограничено.