Европската унија ѝ забележува на Кина дека не дозволува доволен пристап до кинеските пазари за европските компании, додека кинеските компании имаат транспарентен и непречен пристап до европските пазари.

Дваесет и шестата рунда трговски преговори помеѓу Кина и ЕУ завршува денеска, без значаен напредок. Според еврокомесарот за трогвија, Кина треба да вложи поголем напор.

Европската унија ѝ забележува на Кина дека не дозволува доволен пристап до кинеските пазари за европските компании, додека кинеските компании имаат транспарентен и непречен пристап до европските пазари.

Трговските преговори меѓу Кина и ЕУ траат од 2013-та година. ЕУ смета дека Кина треба да обезбеди фер и еднакви услови за сите учесници на пазарот, доколку навистина сака да склучи трговска спогодба со ЕУ.