Австријците треба да платат казна од 26,82 милиони евра (31 милиони долари), бидејќи федералната покраина Салцбург не успеа да спречи голем скандал за финансиски шпекулации, одлучи Советот на Европската унија, пренесоа светските агенции.

Европската унија (ЕУ) го наоѓа за виновен органот за финансиски надзор во федералната покраина Салцбург и политичките сили поради сериозната небрежност при контролирање на финансиските податоци.

„Ова му овозможи на одделот за буџет на агенцијата да обезбеди неточни податоци и да ги кријат финансиските трансакции“, се вели во коминикето на Советот на ЕУ.

Скандалот кој изби во 2012-та година поради Моника Ратгебер – вработена во финансиската администрација, кој користела неколку години државни фондови, за да прави високоризични инвестиции од името на Салцбург, западната австриска федерална покраина, која ја вклучува регионалната престолнина со истото име.

Како резултат на тоа, Австрија објави невистинити податоци за државниот долг кон ЕУ.

Шпекулативните трансакции на Ратгебер ја чинеа провинцијата Салцбург 500 милиони евра загуби и даночни долгови.

Таа беше прогласена за виновна за злоупотреба на довербата и наредено и е да носи електронски монитор на глуждот за 6 месеци.

Во 2013-та година, кога беа одржани предвремени избори во федералната покраина Салцбург, поради скандалот политичката власт премина од рацете на социјалдемократите во овие на конзервативците.

Одлука на ЕУ за изрекување парична казна е втората за манипулирање со податоците според правилата за фискално управување усвоени во 2011-та година.

Во 2015-та година, Советот на ЕУ ја казни Шпанија со 18,93 милиони евра за манипулирање со податоците за дефицитот на автономниот регион Валенсија.