Европската унија минатата година во надворешно-трговската размена забележала досега најголем годишен дефицит од 432 милијарди евра. Дефицитот се должи, пред се, на големиот пораст на вредноста на увозот на енергија, кој започна кон крајот на 2021 година и продолжи во поголемиот дел од 2022 година, соопшти Евростат.

Исто така, во 2022 година, поттикнати од зголемувањето на цените, се евидентирани највисоки стапки на раст и на увозот и на извозот во последните десет години. Увозот е зголемен за 41, извозот за 18 отсто.

Ова е прв дефицит во надворешно трговската размена на ЕУ во изминатата деценија. За споредба, во 2021 е забележан суфицит од 55 милијарди евра, а во 2020 плусот во трговијата со светот бил 215 милијарди евра.