Во текот на 2023 година, земјите-членки на Европската унија увезле 163.700 тони природен мед од земји надвор од ЕУ, во вредност од 359,3 милиони евра, објави Евростат. Во исто време, надвор од ЕУ се извезени само 24.900 тони во вредност од 146,0 милиони евра. Главни партнери на Европската унија се Кина – кога станува збор за увоз на мед, и Велика Британија, кога станува збор за извоз. Податоците од официјалната европска статистика покажуваат дека увозот на мед од земји надвор од ЕУ главно доаѓа од Кина (60.200 тони или 37 отсто од вкупниот увоз на мед надвор од ЕУ). Потоа од Украина (45.800 тони, или 28 отсто), Аргентина (20.400 тони или 12 отсто), Мексико (10.700 тони, седум отсто) и Куба (4.700 тони или тристатини).

„Во споредба со 2013 година, увозот на мед надвор од ЕУ е зголемен за 20 отсто (од 136.300 на 163.700 тони), а извозот во земјите надвор од ЕУ за 14 отсто (од 21.700 на 24.900 тони), објави Евростат, објави Н1. Најголемо учество во извозот на мед од ЕУ има Велика Британија, во која лани земјите-членки на Европската унија извезле 4.300 тони или 17 отсто од вкупниот извоз на мед надвор од ЕУ). Следат Саудиска Арабија (3.500 тони, 14%), Швајцарија (3.400 тони, 13%), САД (3.300 тони, 13%) и Јапонија (2.500 тони, 10%). Најголем увозник на мед, кога се гледаат поединечни земји-членки, беше Германија, на која отпаѓа дури четвртина од вкупниот увоз во ЕУ – 41.000 тони.