Земјите од ЕУ го прифатија предлогот на Европската комисија за ограничување на цените на руските нафтени деривати, објави денеска Ројтерс.

Европските дипломати соопштиле дека горните ценовни граници договорени од амбасадорите на 27-те земји на ЕУ се 100 долари за барел за премиум нафтени деривати како што е дизелот и ограничување од 45 долари за барел за производи со намалени цени како што е мазутот.

Предлогот е овие мерки да се применуваат од 5 февруари.