Европската комисија одобри грчка државна програма вредна 41 милион евра за поддршка на земјоделските производители кои се погодени од зголемените цени на ѓубривата како последица на кризата на Блискиот Исток.

Според Комисијата, помошта ќе се доделува во форма на директни грантови и ќе покрива 15 отсто од вкупните трошоци за набавка на ѓубрива купени во периодот од 15 март до 31 август.

Максималниот износ на помош ќе биде ограничен на 50.000 евра по корисник.

Европската комисија ја одобри програмата во рамки на Привремената рамка за државна помош поради кризата на Блискиот Исток, усвоена на 29 април.

Оваа рамка ќе остане во сила до 31 декември и е наменета за секторите земјоделство, рибарство, транспорт и енергетски интензивните индустрии.