Почитувани читатели

Ова писмо стигна утрово во редакцијата на БанкоМетар.мк, заедно со скриншотови и докази за овој страшен проблем, од оштетен корисник на мобилниот оператор А1, и поради сериозноста, непрофесионалноста и невидениот безобразлук на операторот, решивме одма да го објавиме интегрално и во целост:

” Здраво Банкометар,

Јас сум Ваш редовен читател, и знам дека секогаш сте на страна на оштетените, нарочито за банките и клиентите, но го праќам овој маил, со надеж дека ќе го објавите. Сакам цела македонска јавност да дознае за какви бандити станува збор во А1 мобилниот оператор. Имено, во саботата на 18-ти јуни, одиме на одмор во Грција, и после неколку часа во Грција, од нигде никаде, на никакви услуги не користени за интернет или било што, само неколку телефонски јавувања до блиски дека влеговме во Грција, ми пристига следната порака на СМС – скриншот ви праќам ( ве молам видете од кој број доаѓа, напишана е на латиница, нема што каде да се уплати, ми делува на изнуда, видете soobrakjaj како го напишале и останати глупости и спам во поракава:

Првата порака е пратена во 12 часот, втората во 16 часот. Поради несериозноста на латиницата, немањето објаснување за што се работи и општиот спам изглед на ваков тип на порака, јас сметав дека се работи за некаков спам, некој фишинг од некој си криминалец и не и обртив внимание. Кога после неколку минути од втората порака, А1 операторот ми го исклучува тотално бројот, интернетот и можноста да се регистрирам на некоја грчка мрежа. Ова се би било ОК, да не бев на влезот во Солун и треба да им се јавам на газдите од смештајот, каде прв пат одиме, немам интернет да се логирам за мапа и не можам да ја најдам улицата од смештајот. Јас, со две мали деца во кола, вртам многу часови низ Халкидики, не можам од паника да се снајдам никако. Пробувам да купам грчки број за да го најдам апартманот и лицето за контакт – но со македонски пасош, одбиваа да ми дадат и туристички број. Ноќта ја поминавме во кола под отворено небо на првиот крак во Халкидики во некоја си ливада пред Неа Мудања, благодарение на дебилите од А1.

Наредниот ден, доаѓам до интернет, почнувам да вртам од разни македонци кои ги наоѓав на нивниот контакт број за поддршка 077 1234. Е тек сега патувањето стана прав циркуз:

Прво ми се јави некоја Надежда, па некоја Ана, јас очекувам извинување и објаснување за овој проблем, но овие операторки се изгледа некои домаќинки или фризерки кои од дома парт-тајм работат и како  оператори во оваа несреќа од оператор. Со викање, никакво разбирање за мојата ситуација ме насочија некако, скроз селски да се логирам на МОЈ А1 апликацијата и да сум проверел нешто што тие го викаат нефактуриран долг. Јас сум многу добро упатен во финансиското и сметководственото работење и ваква категорија не ми е позната. Ова е уште една фора на А1 измислена да не пљачкаат.

Отварам на МОЈ А1, проверувам и еве скриншотови од мојот профил, каде никаде нема ни долг, ниту некакво прекорачување, ниту некој проблем:

На последната пишува дека Вкупно отворен долг, према нив немам. Еве и доказ на последната слика.

Заборавив да споменам дека цел ден неделата, МОЈ А1 сајтот не работеше и не можев ни ова да го проверам за да го активирам бројот: А еве и доказ за тоа:

После целава голгота, и контакти и звонење од секакви броеви, и плаќање од над 70 евра за да контактирам со организиранава банда од А1, мојот број, некако магично, беше пуштен назад во употреба.

Почнав да им се јавувам од мојот број, да ги расчистиме работите, за на крај, некако од разговорот да разберам, дека договорот ми завршувал во септември, па ова некако било горе долу некаква нормална работа и пракса на фирмава. Не разбрав точно што сакаше да каже таа операторката со тоа, но после бурни реакции, тие ми спуштаат телефони, наместо , поради нивна грешка, скам и спам и кој знае што е ова да ми се извинат, што цел почеток на одморот ми го посраа, тие арогантно ти спуштаат телефони и те упатуваат на апликацијата.

Кога ќе ги прашаш, да ти дадат одговор, концизно, што точно е мојот долг и зошто сум исклучен, а сите сметки секогаш и редовно ги плаќам, ти викаат не можам да видам тука, провери си.

Вакво нешто, досега, јас не сум искусил во маалски гранап, не за еден од двата оператори…

Ова не е само некултура, непрофесионализам и сељачизам. Ова е изгледа, претпоставувам, организиран начин за кражба и пљачкање на корисниците!!!

Поради овие работи, јас и сите блиски, заедно со броеви на фирма што ги имаме, вкупно се 11, го напуштам ова срање од оператор, не заради парите кои пробуваат да ми ги украдат, а не знаат да ти кажат основ, туку заради проблемите кои ми ги направија за време на одмор, невероватни проблеми, да не можеш да се сместиш и да спиеш под отворено небо. Зошто? Затоа што сељандуријата сака да краде.

Сега, после сите дописки, маилови и долгометражни разговори со вујните и стрините кои работат како оператори таму, мојот број е активен и сите грчки мрежи ми се достапни. Маилов го пишувам од Грција. Како се ослободи бројов и се друго, не знам, но се заколнав дека ќе ги известам сите медиуми во Македонија за овој неверојатен проблем, за кој и тие сами немаат објаснување.

Ги замолувам организациите за заштита на потрошувачи, АЕК или кој и да е друг надлежен, да проверат што точно работи овој оператор и дали има повеќе вакви случаи. Ова е невидено и недозволиво!

А јас, уште најитно, сите броеви ќе ги извадам од овој оператор!

И апел до сите македонци кои планираат да патуваат надвор за одмор, со овој оператор да не помислуваат поради вакви потенцијални проблеми. Изгледа те следат на излегување преку ГПС и играта започнува. Мој совет е тоа…
Се надевам ќе го објавите ова

Ви благодарам

Поздав

Никола Димитров”