Од вчера данокот на додадена вредност за основните прехранбени производи, во сите маркети, е нула проценти.

ДДВ е нула отсто за лебот, брашното тип – 400, млекото (со масленост 2, 3,2 и 3,5 проценти), белиот шеќер, сончогледовото масло, месото и другите кланични производи за јадење, белиот ориз и јајцата.

Надлежните апелираат до граѓаните да си ја побараат својата фискална сметка во маркетите, со цел да се уверат дека не им е наплатен трошокот за ДДВ.

Истовремено министерот за економија Крешник Бектеши граѓаните да пријавуваат секаков прекршок кога трговците ја злоупотребуваат ситуацијата.

Нерегуларностите може да се пријават на телефонскито број 191.

– Трговците да не ја злоупотребат ситуацијата со цел да остварат дополнителен профит, а најважно да не создадат вештачка криза со тоа што ќе влијаат психолошки кај граѓаните да купуваат што повеќе производи, тоа не е потребно бидејќи имаме доволни количини, потенцира Бектеши.