Photo by Kindel Media from Pexels

Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека ќе дојде до промена на правилникот со кој домаќинствата и индустриските капацитети ќе може да му продаваат вишоци електрична енергија на универзалниот снабдувач.

Во случајов ЕВН Хоме ќе биде должен да ги купува вишоците од соларните панели по цената на регулираниот пазар, односно по истата која ја купува од АД ЕСМ.

– Електрична енергија ќе може да произведува целата индустрија и домаќинствата и ќе биде обврзувачки да се купува од универзалниот снабдувач по цена која се продава на домаќинствата, рече Бектеши.

Министерот додаде дека ова е една е една од реформите што се прават во енергетскиот сектор заради полесно справување со кризата во која се најде стопанството со неколкукратно повисоките цени на струјата, природниот гас и топлинската енергија.