Нашите потрошувачи се загрижени за остатоците од пестицидите во храната, за генетските модификации, како и за болестите кај животните, а не се заморуваат многу со присутноста на микропластиката во тоа што го јадат. една четвртина од граѓаните ги земаат „здраво за готово“ инофрмациите дека храната што се продава е безбедна.

Цената е пресудна при изборот на тоа што на трпезата го ставаат македонските граѓани и за тоа се изјасниле дури 56 отсто од нив, покажа најновото истражување на Евробарометар за безбедноста на храната. На второ место е безбедноста, а на трето е вкусот. Потеклото и хранливите вредности се подолу на листата, а најмалку грижа водиме за влијанието на храната врз екологијата. Нашите потрошувачи се загрижени за остатоците од пестицидите во храната, за генетските модифицираната храна, како и за болестите кај животните, а не се заморуваат многу со присутноста на микропластиката во тоа што го јадат. Дури 65 отсто од информациите за храната ги добиваат од телевизијата и интернетот, што на 39 отсто од граѓаните им е доволно за да ги избегнат потенцијалните ризици. Но една четвртина од граѓаните ги земаат „здраво за готово“ инофрмациите дека храната што се продава е безбедна.

Сепак, најпоразителен е фактот што дури 60 отсто од граѓаните не им веруваат на информациите од државните институции кога е во прашање безбедноста на храната. Две третини од граѓани им веруваат на научниците, а 59 отсто на Организацијата на потрошувачите. За поздравување е што 68 отсто од граѓаните им веруваат на земјоделците.

Неодамнешното истражување на Евробарометар беше проширено на сите седум земји кандидати за членство во Европската Унија, вклучително и Македонија. Тоа било спроведено помеѓу 31 мај и 25 јуни 2023 година со над 6.600 испитаници од различни социјални и демографски групи кои биле интервјуирани во живо дома или онлајн на нивниот мајчин јазик.

-Повеќе од половина од нив (56 отсто) изјавиле дека цената е клучна при изборот на намирници, на второ место, со 53 отсто од одговорите, е безбедноста, а додека вкусот на храната е на третото место и за него се изјасниле 44 отсто од граѓаните. Потеклото и хранливите вредности ги навеле 38, односно 37 отсто од испитаниците. Околу 73 отсто од анкетираните одговориле дека се заинтересирани за теми поврзани со безбедноста на храната – може да се сублимира од дадените одговори во истражувањето.

Нодамнешниот Евробарометар за безбедност на храната е проширен на сите седум претпристапни земји кои имаат за цел да се приклучат на ЕУ во иднина, при што граѓаните во Босна и Херцеговина и Косово за првпат ги даваат своите ставови. Останатите пет претпристапни земји – Албанија, Црна Гора, Македонија, Србија и Турција – учествуваа во претходното истражување во 2019 година.

„Исклучително сме задоволни што ги вклучивме – за прв пат – сите седум претпристапни земји во ова последователно истражување на нашиот Евробарометар за безбедност на храната за 2022 година“, рече Барбара Галани, раководител на Одделот за комуникации и партнерство на ЕФСА.