Еврокомесарот за финансиски прашања, Пјер Московичи го поздрави унапредувањето на фискалната транспарентност во земјата, за време на средбата со министерот за финансии, Драган Тевдовски и македонската делегација .

Тевдовски, во рамки на состанокот ја потенцираше посветеноста на реализација на стратегијата за управување со јавните финансии, за која што од министерството велат дека е прва сеопфатна рамка донесена од Владата за управување со јавните финансии во државата.

Европската Унија ги поздрави и поддржа мерките во стратегијата и посочи дека е партнер на Македонија во нејзиното спроведување.

Ова е прва средба на министер за финансии на земјата со еврокомесар за економски и финансиски прашања.