Министеството за финансии дополнително информираше дека издадената еврообврзница е со рок од 4 години, што значи дека со каматна стапка од 6,96 проценти на годишно нови за позајмените 500 милиони евра треба да се платат вкупно 139,2 милиони евра, или  по 34,8 милиони евра годишно.

Со ова вкупната камата за сите 9 еврообврзници (заедно со последнава) изнесува над една милијарда евра.

„Пари“ утрово, детално информираше за сите 9 еврообврзници кои се со вкупна вредност од 3,9 милијарди евра!

ЗА ДОСЕГАШНИТЕ ЕВРООБВРЗНИЦИ КАМАТАТА Е 867,8 МИЛИОНИ ЕВРА, за новата годишно ќе плаќаме 34,8 милиони евра