Група министри од Европа, Јужна Америка и Африка повикаа на повисоки даноци за најбогатите граѓани во светот, предупредувајќи дека даночните обврски треба да бидат сразмерни на потрошувачката моќ.

„Во моментов има околу 3.000 милијардери во светот. Данокот би можел да се одреди како минимален данок од два отсто на имотот на супербогатите“, напиша министерката за развој Свења Шулце во напис во германскиот весник „Шпигел“, пренесува Хина.

Написот е потпишан од шпанскиот министер за економија Карлос Куерпо, шпанскиот министер за финансии Марија Хесус Монтеро, јужноафриканскиот министер за финансии Енох Годонгвана и бразилскиот министер за економија Фернандо Хадад, а објавен е во британски Гардијан и Шпански Ел Паис.

„Не би го платиле милијардерите кои веќе плаќаат соодветен износ на данок на доход. Сепак, сите што ќе успеат да го избегнат данокот на доход би морале да дадат поголем придонес за општото добро“, додаваат министрите. Даночните системи мора да бидат во согласност со принципот на правичност, велат тие. „За да се постигне ова, придонесот на секој поединец мора да биде во согласност со неговата или нејзината способност за плаќање. Поради валидни даночни поволности, најбогатите успеваат да ги намалат даноците на своите приходи на најниско можно ниво“, предупредуваат министрите.

На глобално ниво, милијардерите плаќаат даноци на доход со стапка од само 0,5 проценти. Министрите новата даночна ера ја нарекуваат чекор на патот кон поправедно општество. „(Данокот) истовремено би генерирал многу потребни приходи за владите да инвестираат во јавни услуги како што се здравството, животната средина и инфраструктурата“, напишаа тие.

„Тоа би било од корист за сите, вклучително и оние кои се на врвот на пирамидата на приходите. Се проценува дека таков данок годишно би можел да генерира дополнителни 250 милијарди долари приход на глобално ниво“