Долгот на вкупно 28-те земји членки на Европската Унија изнесува 12.5 трилиони евра , кој што би можел да биде уште поголем според податоците на европската агенција за статистика Eurostat. Податоците покажуваат дека во третата четвртина од 2017, показателот на односот на долгот спрема бруто домашниот производ (debt-to-GDP ratio), паднал од 82.9 на 82.5 проценти во однос на минатата година.Според истражувањето највисокиот индекс на долг го има Грција со 177,4 проценти па следат Италија со 134,1 процент и Португалија со 130,8 проценти.

Статистиките на Eurostat се базирани на четири општи категории на долг, кои претставуваат гаранции издадени од државата во однос на обврски од трета страна.Сепак постојат потенцијални обврски кои што не можат да бидат најдени во официјалните статистики.Овие обврски иако не се сметаат за “тешки” долгови,сепак би можеле да предизвикаат огромни дупки во националните буџети на земјите.Ова значи дека се акумулира ризик за кои повеќето земји не се ни свесни дека постои.