Европската комисија предложи инструмент за заздравување на економиите од коронакризата, вреден 750 милијарди евра и повеќегодишна финансиска рамка (ВФО) од 1.100 милијарди евра.

Инструментот се состои од 500 милијарди долари бесповратна помош за најтешко погодените држави членки и сектори и 250 милијарди евра, кои би се доделувале како поволни заеми.

Вкупно за ВФО и инструментот за заздравување и отпорност се предлагаат 1850 милијарди евра.

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лејен изнесе предлог на седницата на Европскиот парламент.

– ЕК денеска предлага нов инструмент за заздравување, под името на ЕУ новата генерација, во рамки на ревидираниот долгорочен буџет. Вкупно овој европски план за заздравување ќе обезбеди 1.850 милијарди евра за подигнување на нашите економии и напредокот на Европа – соопшти фон дер Лејен.

Пакетот мерки за заздравување се состои од два дела – повеќегодишен буџет за периодот од 2021 до 2027 година и инструмент за заздравување кој ќе се финансира преку задолжувања на пазарите на капитал со гаранции на државите членки.

Клучен дел на предлогот е поддигнување на горните граници на сопствените средства на европскиот буџет, односно буџетските приходи. Се работи за најголем износ на придонеси, кој може да се бара од државите членки за полнење на буџетот.