Со донации и грантови од Европската унија, изминатите година и половина, Велес се гради. ЕУ финансираше повеќе јавни проекти за подобрување на животот во градот и за развој на локалната економија…

Велес изминатата година и половина се гради и обновува со европски пари. Европската унија е најголем финансиер, откако сегашниот градоначалник е на оваа позиција. Ова го кажа градоначалникот на Велес, Марко Колев. Со донациите на ЕУ во Велес, целта на реализацијата на проектите е зајакнување на локална економија, подобрување на условите за живот на граѓаните и приближување на стандардите на живеење со европските.

Проектите кои се реализираат со грантови од ЕУ се „Европската куќа“, реконструкција на објектот „Поранешна народна кујна“, кој треба да биде „хаб“ за млади во месноста Дворови, уредување на централното градско подрачје, кејот на реката Вардар.

Во мандатот на претходниот градоначалник Аце Коцевски, ЕУ вложи еден милион евра за реализација на проектот „Паметно езеро Младост“, при што се изградија повеќе содржини, но дел се и натаму нефункционални, неискористени.