• Почетна
  • Кредити
    • Потрошувачки
    • Станбени
    • Автомобилски
    • Хипотекарни
    • Реновирање
    • Рефинансирање
    • Студентски
    • Пензионерски
    • Дозволено Пречекорување
  • Картички
    • Кредитни
    • Дебитни
    • Престижни
  • Штедење
    • Класично
    • Скалесто
    • Детско
  • Новости
  • Прашања
  • За Нас

Со европски проект ќе се обучуваат МСП за користење на ЕУ фондовите

2018-03-03 16:27

Зголемување на конкурентноста на националната економија преку подобрување на капацитетите на клучните чинители за развивање заеднички активности за искористување на расположливите фондови на ЕУ е целта на проектот „Јакнење на локалните бизниси за предизвиците на глобалните пазари“, чиј официјален старт беше објавен денеска.

Со европски проект ќе се обучуваат МСП за користење на ЕУ фондовите

Проектот се спроведува во рамки на Националната програма за помош при транзиција и градење на институциите (ТАИБ) за 2013 година, Компонента 1 (ИПА1).

Проектот е осумнаесетмесечна иницијатива, која се имплементира во периодот меѓу 15 декември 2017 и 16 јуни 2019 година од страна на Здружението за одржлив развој Милиеуконтакт од Македонија во партнерство со италијанската агенција Цепиемонте, чија главна дејност е привлекување странски инвестиции за нивните локални компании, држење обуки на менаџерите на компаниите.

Целни групи на проектот се македонските мали и средни претпријатија, македонските здруженија на граѓани, јавните институции и универзитетите.

Извршната директорка на Милиеуконтакт, Маја Марковска изјави дека програмите на ЕУ наменети за бизниси во Македонија се релативно неискористени.

Појасни дека тимот тренери и експертите, кои ќе бидат вклучени во проектот ќе разработи посебен план за обука, кој ќе се базира на потребите и искуствата на избраните мали и средни претпријатија и директно ќе работи со нив за да овозможи практична примена на стекнатото знаење и директна помош во развој на проектните апликации со конкретна цел и потреба за малите и средните претпријатија.

Освен директна поддршка и јакнење на капацитетите на претпријатијата за да ја зголемат својата конкурететност, во рамки на проектот Милиеуконтакт, Македонија со својот партнер од Италија организира и размена на искуства и склучување на партнерства со конкретна цел и потреба за мали и средни претпријатија.

Преку овој проект се очекува да се зајакнат капацитетите на малтеи и средните претпријатија за искористување на расположливите финансиски средства од фондовите на ЕУ и можностите за финансирање преку следните програми: Хоризон 2020, КОСМЕ, Ерасмус енд ЕНИФ Платформ.

Организаторите на проектот очекуваат да се воспостави силно и одржливо партнерство меѓу домашните мали и среди прептијатија и бизнис компаниите од Италија со цел заеднички настап на меѓународни проекти.

Вкупниот буџет на проектот е 194.654 евра. ЕУ учествува со 174.313 евра, а Милиеуконтакт со 20.341 евра.

Poll not found

Статии

  • Јапонските компании меѓусебно се договорија да им ги покачат платите на работниците

    Јапонските компании меѓусебно се договорија да им ги покачат платите на работниците

    Јапонските компании се согласиле да ги зголемат платите во просек …
  • Мицкоски: Македонскиот извоз расте

    Мицкоски: Македонскиот извоз расте

    Информира дека во мај, извозот пораснал за 23,44% во евра, …
  • Наскоро сите домашни производи ќе се означени со „Македонско најдобро”

    Наскоро сите домашни производи ќе се означени со „Македонско најдобро”

    Да се подигне свеста кај потрошувачите за важноста од купувањето …
  • Некогаш изгледаше невозможно, сега е реалност: Шпанија ја престигна на Јапонија

    Некогаш изгледаше невозможно, сега е реалност: Шпанија ја престигна на Јапонија

    Шпанската економија доживува силен раст, поттикнат од глобалниот пораст на …
  • Кина воведува царини за дел од европските жестоки алкохолни пијалаци

    Кина воведува царини за дел од европските жестоки алкохолни пијалаци

    Кина од утре воведува антидампинг царини за дел од европските …
Популарна содржина
  • Почетна
  • Услови за Користење
  • За Нас
  • Прашања
  • Маркетинг и Огласување
  • Контакт