Европските банки ќе им платат на акционерите околу 70 милијарди евра за 2023 година, изјави шефот на банкарската супервизија во Европската централна банка (ЕЦБ), Андреа Ернија.

Тој додаде дека банките во ЕУ годинава оствариле профит и дека планираат да го распределат приходот на нивото од претходните години, но посочи дека сумата од 70 милијарди евра е „многу прелиминарна“, пишува Блумберг.

Ернија смета дека банките треба да продолжат да бидат внимателни и забележува дека Европската централна банка се уште е загрижена за кредитните ризици, особено во секторот на недвижности.

На состанокот одржан на 14 декември, Европската централна банка одлучи вторпат по ред да ги задржи сите три клучни каматни стапки на исто ниво, пренесуваат медиумите.

Основната каматна стапка на кредитите е 4,5 отсто, стапката на маргиналните кредити е 4,75 отсто, а на депозитите четири отсто.