Европските и американските берзански индекси денеска се претежно намалени бидејќи променливата тарифна политика на американскиот претседател Доналд Трамп ја подгрева неизвесноста на пазарот.
Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ) вчера одлучи да ги намали трите клучни каматни стапки за 25 базични поени, така што стапката на депозитите сега е 2,5 отсто, каматната стапка на операциите за главно рефинансирање е 2,65 отсто, а каматната стапка на маргиналниот кредитен капацитет е 2,9 отсто, објавија медиумите.
Банката прогнозира дека просечната инфлација во еврозоната ќе биде 2,3 проценти оваа година и ќе падне на 1,9 проценти во 2026 година, пред малку да се зголеми на два проценти во 2027 година.
Прогнозата за 2025 година е ревидирана нагоре во однос на претходната проценка, како одраз на посилна динамика на цените на енергијата.
Индексот на Франкфуртската берза DAX во 9:30 часот падна на 23.114,50 поени, британскиот FTSE 100 на 8.639,22 поени, францускиот CAC 40 на 8.107,43 поени, додека московскиот MOEX се искачи на 3.240,83 поени. Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс падна на 42.579,08 поени пред отворањето на берзите во САД денеска, индексот S&P 500 на 5.738,52 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 18.069,26 поени.
Според сегашните берзански податоци, цената на суровата нафта се искачи на 66.840 долари, а на нафтата од типот брент на 69.917 долари. Европските фјучерси на гас за април се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 37.720 евра за мегават-час, пренесува Танјуг.
Цената на златото порасна на 2.919,13 долари за унца, а на пченицата падна на 5.2907 долари за бушел (бушел е 27.216 кг). Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Forex изнесува 1,08392, што е повисока од четвртокот.