Невработеноста во еврозоната во јануари изнесувала 6,7 отсто, а во Европската унија 6,1 отсто, објави денеска европската статистичка агенција „Еуростат“.

Според проценките на Евростат, 13,2 милиони луѓе во јануари во ЕУ биле невработени, додека во еврозоната, во членките на ЕУ кои го имаат еврото како заедничка валута, без работа биле 11,3 милиони.

Во јануари бројот на невработени е намален за 318.000 во ЕУ и за 220.000 во еврозоната во однос на јануари 2022 година.

„Евростат“ ја следи невработеноста кај младите, под 25 години, кои во јануари биле 2,3 милиони.

Споредено со истиот месец минатата година, бројот на млади невработени лица е зголемен за 116.000 во ЕУ и 112.000 во еврозоната.

Убедливо највисока стапка на невработеност во јануари имала Шпанија, 13 отсто (иако за Грција во која во нема достапни податоци за Грција, каде невработеноста беше 11,6 проценти во декември).

Во Италија стапката на невработеност е 7,9 отсто, на Кипар 7,4 отсто, во Португалија 7,1 отсто, а во Финска 6,9 отсто.

Интересно е што најмала невработеност има во членките на ЕУ од Централна и Источна Европа.

Во Чешка стапката на невработеност е само 2,5 отсто, во Полска 2,8 отсто, а во Бугарија и Унгарија по 3,8 отсто.

Освен нив, невработеноста во Германија била само три отсто, во Словенија 3,2 отсто.

Во САД стапката на невработеност е 3,4 отсто.