Доларот загуби во однос на еврото и фунтата откако Федералните резерви на САД соопштија дека нема да брзаат да ги зголемат каматните стапки дури и кога почнаа да го намалуваат својот стимул од ерата на пандемијата.

Банката на федерални резерви, објави месечно намалување од 15 милијарди долари на своите 120 милијарди долари во месечните набавки на трезори и хартии од вредност поддржани со хипотека, но претседателот Џером Пауел рече дека Централната банка на САД би била „трпелива“ во одлучувањето кога да ја подигне референтната каматна стапка преку ноќ од речиси нула нивоа.

Стерлингот се искачи на 1,3695 долари во Азија денес, продолжувајќи ја добивката од 0,51% од вчерашниот ден поради послабиот ФЕД и закрепнувајќи од двонеделното ниско ниво од пред два дена кое изнесуваше 1,3603 долари.

Еврото се искачи на 1,1614 долари и вниманието на пазарот се свртува кон тоа колку долго ФЕД може да го одложи зголемувањето на стапката, со оглед на стравувањата дека високата инфлација би можела да трае подолго отколку што ФЕД првично проектираше. „Претседавачот истакна дека овој состанок (Федералниот комитет за отворен пазар) беше многу повеќе за (квантитативно олеснување) отколку за каматните стапки, но ова ќе биде последниот состанок на кој ќе се одржи тоа размислување.

Оттука натаму, идните состаноци на FOMC ќе ја вратат стратегијата и тактиката на каматните стапки на ФЕД“, рече Пол О’Конор, шеф во Janus Henderson Investors. Напорните двонеделни состаноци на Централната банка на САД завршуваат со состанокот на Банката на Англија денес, кога таа би можела да стане првата од големите светски Централни банки што ќе ги зголеми стапките од пандемијата на коронавирус. За разлика од Банката на федерални резерви, каде што пазарот и набљудувачите беа сосема сигурни дека ќе се намали стимулот, има помал консензус околу одлуката на BofE.

Австралискиот долар благо се искачи на 0,7463 долари, но треба период за да се опорави од падот од 1,2 отсто пред два дена. Јенот остана „мек“, сепак со еден долар на 114,04 јени во добар скок од повеќегодишниот максимум на доларот од 114,69, кој беше постигнат минатиот месец.