Австралискиот долар, чувствителен на случувањата на глобалната трговија, зајакна за 1,3 отсто во однос на американскиот и достигна највисоко ниво во изминативе 4 месеци.

Курсот на еврото на денешното тргување на меѓународните берзи на кратко достигна највисоко ниво од средината на месец март, а ризичните валути, како австралиската, забележаа добивка бодејќи инвеститорите се охрабрија од добрите вести кои пристигаат од кинеската економија како и најавите за попуштање на тензиите меѓу САД и Кина.

Еврото забележа раст од 0,4 проценти во однос на доларот споредено со вредностите од затворањето на берзите во петокот, достигнувајќи вредност од 1,1154 долари за едно евро.

Австралискиот долар, чувствителен на случувањата на глобалната трговија, зајакна за 1,3 отсто во однос на американскиот и достигна највисоко ниво во изминативе 4 месеци.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на останатите валути со кои се тргува на берзите, забележа минус од 0,3 отсто во однос на цената забележана на затворањето на берзите во петокот, лизнувајќи се на 97,954 бодови. Тоа значи дека во моментов е на најниско ниво од средината на март.