dollar-and-euroВредноста на еврото на меѓународните пазари во однос на доларот се спушти на најниска вредност во последните шест недели, откако Грција го изгласа пакетот мерки во замена за финансиска помош, додека доларот доби ветер во грб од очекувањата за зголемување на каматните стапки.

Еврото, во такви околности, во однос на доларот ослабна за 0,4 проценти, на 1,0903.

Долар индексот се зголеми на 97,498 бодови што е највисоко ниво во последните шест недели.

Усвојувањето на пакетот реформибво грчкиот парламент отвори пат за почеток на преговорите со европските партнери за трета програма за финансиска помош, но ја доведе во прашање иднината на владата на Алексис Ципрас после поделбата во неговата партија.

Намалувањето на забринетоста околу грчката криза, го пренасочи фокусот на инвеститорите кон изгледите за зголемување на разликите помеѓу каматните стапки во САД во однос на.еврозоната, а тоа оди во прилог на доларот.