euro 01Девизниот курс на еврото уште еднаш падна во однос на доларот на меѓународните девизни пазари, откако Грција стана првата развиена земја што не ги исполни своите обврски на време кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Девизниот курс на еврото во однос на доларот падна на 1,1115 $, што е пад за 0,4 проценти во споредба со крајот на тргувањето претходниот ден. Во однос на јенот, во кој инвеститорите се обидуваат да најдат засолниште за капиталот во нестабилни времиња, нема значителна променета во однос на претходното затворање, на 136,28 ¥.

Со оглед дека е напната ситуацијата на главните девизните пазари, трговските активности се ограничени бидејќи трговците го чекаат референдум во Грција, закажан за в недела, на која граѓаните треба да одлучат дали ги прифаќаат условите од пакетот меѓународна финансиска помош. Валутните аналитичари во неколку меѓународни банки проценуваат дека еврото ќе ослабне нагло доколку конечно стане јасно дека Грција ќе излезе од еврозоната.

Германската канцеларка Ангела Меркел ја отфрли можноста за понатамошни преговори со Грција пред крајот на референдумот, а нови насоки пазарот може да добие од новиот состанок на министрите за финансии од еврозоната.

Од новите индикатори од еврозоната во фокус е извештајот на лондонската истражувачка фирма Маркит, кој покажа благо забрзан раст на активноста во производствениот сектор на 19-члената економија во јуни.