svetski valutiДевизниот курс на еврото на меѓународните девизни пазари во понеделникот ослабе во однос на доларот, а со поголема загуба е британската фунта, која е на пат на најголема дневна загуба во последните 11 месеци.

Еврото во однос на доларот ослабе речиси 0,5 проценти на 1,1086 $. Атмосферата на глобалните валутни пазари, која во последно време е поприлично потресена од стравувањата во врска со глобалната економска перспектива, благо се подобри на почетокот на оваа недела.

Вредноста на доларот во такви услови во однос на јенот се зголеми за 0,2 проценти на 112,86 јени и отскокна од ниското ново од 112,30 јени на која падна во петокот.

Трговците изјавуваат дека инвеститорите се за нијанса посклони да преземаат ризици поради очекувањата дека министрите за финансии и гувернерите на централните банки на Г-20 на скорешниот состанок во Шангај може во поголема мера да се позанимаваат со превирањата на финансиските пазари.

Британската фунта во понеделникот се најде под притисок во однос на доларот по веста дека градоначалникот на Лондон Boris Johnson се приклучи во групата која се залага за излегување на Британија од Европската унија, што дополнително ја зајакна загриженоста во врска со реалниот ризик од таков исход.

Курсот на фунтата во еден момент падна на 1,4175 $, што е најниско ниво во последниве три недели, што значи дека ослабе за 1,5 проценти во споредба со затворањето на пазарот во петокот. Ако ова продолжи, фунтата може да го забележи најголемиот дневен пад во однос на доларот во последните 11 месеци.