EUR-USDДевизниот курс на еврото падна во однос на доларот пред се поради зголемената продажбата од долгорочните инвеститори по големите добивки во минатата недела, а во прв план на инвеститорите уште еднаш е Грција. Курсот на еврото во однос на доларот ослабе за 0,4 проценти на 1,0785 $, по најголемиот неделен пораст минатата недела од крајот 2011 година.

Слабеењето на еврото во однос на доларот го поддржаа долар индексот, кој ја мери вредноста на доларот кон шесте големи светски валути, и зајакната за 0,25 проценти на 98,159 поени.

Во фокусот на пазарот е и излагањето на претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги пред комисијата во Европскиот парламент, а меѓу најважните теми на неговата презентација ќе биде Грција и напредокот по неодамна воведената програма за квантитативно олеснување, која притиска на курсот на еврото.

Средбата на грчкиот премиер Алексис Ципрас со германската канцеларка Ангела Меркел за време на неговата прва официјална посета на Берлин, откако ја презеде функцијата премиер, исто така ќе биде во фокусот на девизниот пазар. На самитот на ЕУ во Брисел во петокот минатата недела Меркел изјави дека Грција ќе добие нова финансиска инекција за да и помогне во надминување на финансиската нестабилност само кога нејзините доверители ќе ги одобрат реформите што Атина вети дека ќе ги реализира.

“Грижите за Грција ги држи инвеститорите претпазливи во однос на единствената европска валута”, изјави Јуџиро Гото, валутен аналитичар во Номура банка.

Вредноста на доларот минатата падна под притисок на загриженоста на инвеститорите поради поместувањето на роковите за очекуваното зголемување на каматните стапки во САД по пораката од Банката на федерални резерви дека нема да се брза за нормализација на монетарната политика. Покрај тоа, претседателот на Банката на федерални резерви Џенет Јелен изјави дека растот на американскиот извоз подзабави, за што причината веројатно е јакиот долар.

Претседателот на огранокот на Банката на федерални резерви од Ст. Луис, Џајмс Булард  изјави дека долар индексот не е далеку од фер вредност, но се уште не е јасно колкав временски период доларот ќе зајакнува во однос на еврото.