A picture illustration shows U.S. one dollar bank notes and a one Euro coinДевизниот курс на еврото ослабе во однос на доларот по објавувањето на послабите во однос на очекуваните показатели од германската економија, но и поради загриженоста за иднината на Грција, со оглед на слабиот напредок на преговорите во насока на решавање на должничката криза.

Девизниот курс на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,1260 $, што значи пад од 0,2 проценти во однос на крајот на тргувањето претходниот ден.

Во изминатите две недели на главните девизните пазари владее голема конфузија. Инвеститорите ги следат натегнатите  долготрајни преговори на Атина со меѓународните кредитори, но не е лесно да се толкува колкава е веројатноста за излез на Грција од еврозоната, како и можните последици од тоа.

“Многу инвеститори се прашуваат зошто курсот на еврото не е послаб отколку што е сега. Некои толкуваат дека причина може да биде побарувачката на централната банка на евра, со што курсот добива поддршка”, изјави Адам Маерс, стратег за валути во банката Кредит Агрикол.

Вредноста на доларот благо зајакна во однос на јенот, достигнувајќи 123,43 ¥, што значи благ плус од 0,1 процент во споредба со крајот на тргувањето претходниот ден.

Фокусот на пазарот ќе биде преусмерен на другата страна на Атлантикот, каде започнува дводневната редовна седница на Банката на федерални резерви (ФЕД). Внимателно на инвеститорите ќе биде свртено кон барањето насоки за временската рамка за подигнување на каматните стапки во САД по речиси една деценија .

Вниманието на пазарот во четврток ќе е фокусирано на состанокот на министрите за финансии од еврозоната на кој ќе се разговара за понатамошните чекори за наоѓање начин за излез од грчката должничка криза.