Европската валута падна толку ниско и го достигна својот девет-годишен минимум за прв пат од почетокот на 2006 година. Во трговијата со валути еврото падна на 1,19 во однос на доларот.
Очекувањата стапката на инфлација во еврозоната да падне во негатива, стравувањата дека Грција може да ја напушти еврозоната би можело да ја принуди Европската централна банка на квантитативно олабавување на монетарната политика, помогнаа да потоне на најниско ниво во последниве девет години.
Врз падот на вредноста на еврото, големо влијание има изборната кампања во Грција, која би можела да заврши со победа на опозициската партијата Сириза која се противи на некои од мерките за штедење. Со тоа повторно заживеа идејата за можен излез на Грција од еврозоната, и враќање на драхмата како национална валута.
Сојузниот завод за статистика на Германија ги објави проценките за германската инфлацијата во декември и се проценуваат на 0,1 % додека конечните резултати ќе бидат објавени на 16 јануари, со оглед на тоа дека германската економија е лидер во Европа, се и своевиден вовед за проценките за годишната инфлација во еврозоната. Аналитичарите прогнозираат тоа би довело Европската централна банка да воведе мерки кои би довеле до ублажување на монетарната политика.