2011-01-12-3574_0_22_dollar_euro_450-450x330Еврото зајакна во однос на доларот поради очекувањата за добри индикатори на бизнис довербата во Германија и надежта дека Грција бележи напредок во обезбедувањето на нови извори на финансирање.

Курсот на еврото во однос на доларот зајакна за 0,4 проценти на 1,0880 $, на највисоко ниво во последните две недели.

Долар индексот се намали за 0,4 проценти на 96,908 поени. Притисок врз доларот вршат новите економски показатели кои не ги импресионираа инвеститорите.

Поддршка на еврото доаѓа од изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел дека мора да се направи се за да се спречи Грција да остане без пари. Сепак, очекувањата на значаен напредок во овој правец на неформалниот состанок на министрите за финансии на ЕУ во Рига се слаби.

Австрискиот министер за финансии Ханс Јерг Шелинг изјави дека е направен мал напредок во преговорите во пресрет на средбата на министрите, но ја исклучува можноста за излез на Грција од еврозоната.