currencies connected in 3d rendered abstract

Девизниот курс на еврото зајакна во однос на другите водечки светски валути, откако кај инвеститорите се врати оптимизмот откако Грција предложи на нов пакет на реформи во обид да обезбеди дополнителни финансиски средства и да остане во еврозоната.

Еврото се зголеми за 1,3 проценти во однос на јенот на 135,60 ¥. Значително зголемување еврото забележа и во однос на доларот за 0,7 проценти на 1,1115 $.

Еврото зајакна 0,5 проценти во однос на франкот и британската фунта. Иако многумина од учесниците на финансискиот пазар сакаат договор помеѓу преговарачките страни, инвеститорите се уште се внимателни пред одлучувачкиот викенд.

“Ако се постигне договор во текот на викендот, порастот на еврото ќе биде ограничен, со оглед на другите настани. Но, ако се случи нешто лошо, ќе бидеме сведоци на одредено слабеење на еврото”, изјави валутниот аналитичар Geoffrey Yu од UBS.

Зголемената склоност за ризик во тргувањето е благодарение на показателите за можна стабилизација на финансискиот пазар во Кина по остриот пад на цените на акциите. Акциите на Шангајската берза во петокот забележаа силен раст втор ден по ред, откако локалната власт превзеде итни мерки за да се спречи паѓањето на цените.

Вредноста на доларот во такви околности се стабилизира во однос на јенот,  на 122 ¥ и се одржа над најниското ниво во последните седум недели од 120,41 ¥ на кое се спушти во средината на неделава.