euro-dollar-billКурсот на еврото во однос на доларот зајакна трет ден по ред, откако спласнаа очекувањата дека американската централна банка ќе ги зголеми каматните стапки следната недела со оглед на зголемената загриженост за глобалниот економски раст.

Европската валута зајакна за 0,1 проценти во споредба со претходниот ден на 1,1182 $. На страната на добитниците е и британската фунта, која зајакна за 0,5 проценти на 1,5345 $.

Доларот во однос на јенот скокна за 0,7 проценти на 120,23 ¥, откако најновите показатели од Јапонија покажа поголем пад на капиталните расходи отколку што се очекуваше, иако падот на јапонската економија во вториот квартал е помал од предвидениот.

Последните податоци од Кина покажуваат остар пад на увозот во август десетти месец последователно, со што уште повеќе се зголеми загриженоста во врска со здравоста на втората по големина светска економија и можните последици за другите пазари во развој и на остатокот од светот.

Разочарувачките податоци од Кина ги притиснаа индексите на тамошните пазари и го спуштија индексот Никеи на Токиската берза за 2,4 проценти.