Најголемата социјална мрежа влегува во бизнисот со криптовалути.

Како што објави The Verge, Facebook наскоро ќе претстави своја криптовалута. Намената на криптовалутата, примарно би била за вршење на плаќања во рамките на платформата на Facebook.

„Како и многу компании, така и Facebook ги истражува предностите на криптовалутите. Нов, мал тим, ги разгледува опциите од овој домен. За сега, тоа е сè што имаме да кажеме”, одговори Facebook.