Стечајниот управник на пропадната банка на Трифун Костовски, Еуростандард банка, Душко Тодевски, бара од стечајниот судија да ја одобри исплатата на неговата награда. Тодевски на 21 декември односно пред три дена до судијата го доставил предлогот за награда на стечајниот управник и во него на страница и половина образложува некои детали од стечајната постапка. Тодевски на крај бара да му се исплатат над 153 илјади евра награда од завршената работа досега, кои заедно со сумата од 5.000 евра која му била исплатена авансно ќе ја заокружат наградата на вкупно нешто над 158 илјади евра. Фактор стигна до предлогот за исплата на наградата. 

Тодевски кој беше назначен за стечаен управник на 14 август 2020 година или само некое време по предлогот за отворање стечај над Еуростандард банка во него објаснува дека со планот за авансна распределба предвидено било да се распредели стечајната маса и тоа парични средства во износ од 3.100.000.000 денари ( 50,4 милиони евра).

Согласно член 3 од Правилникот за награда и надомест на реално потребните трошоци на стечајниот управник и начинот на утврдување на нивната висина, наградата на стечајниот управник се утврдува врз основа на начинот на спроведување на стечајната постапка, висината на паричната вредност за намирување на побарувањето на стечајните доверители и процент на намирување на доверителите. Сево ова и Тодевски го наведува во предлогот.

„Побарувањата на доверителите се намируваат во висина од 46,8 проценти од утврдените побарувања на вкупен износ од 6.623.672.441 денари сразмерно учеството на вредноста на побарувањето на секој доверител во вкупно утврдените побарувања. Согласно член 5 од Правилникот како горна граница за намирувањето на доверителите се смета 650 милиони денари. По тој основ наградата изнесува 7,5 милиони денари (околу 122 илјади евра), пишува Тодевски.

Прочитајте го целото истражување на следниот линк: Фактор.мк